Сејдо Јашаров - Општи принципи за кодификација на Ромскиот Јазик

Со свое стручно мислење во врска со Општи принципи за кодификација на Ромскиот Јазик преку социјалните мрежи се огласи Сејдо Јашаров инаку долгогодишен стручњак и одличен познавач, на Ромската култура, јазик и историја.

Целата содржина на објавата со претходна дозвола од страна на г-дин Јашаров, порталот Рома Тајмс Ви ја пренесува целата негова сдржина

До сите оние кои што преведуваат на ромски јазик, оние кои што предаваат Јазик и култура на Ромите, и до сите останати заинтересирани, специјално до оние кои што подготвуваат учебници, пишуваат и творат на ромски јазик, прават преводи за институции, владини тела и така натаму...

ОПШТИ ПРИНЦИПИ ЗА КОДИФИКАЦИЈА НА РОМСКИОТ ЈАЗИК
1. Оваа кодификација за ромскот јазик како наставен предмет во Република Северна Македонија. Кодификацијата се гледа како потребен чекор кон меѓународниот литературен јазик и не во конкуренција со него.
2. Имајќи предвид дека поголемиот дел од Ромите во Македонија припаѓаат кон арлискиот говор, овој говор се зема како основа на литературниот ромски јазик во Македонија, но со извесни граматички, фонолошки, и особено лексички дополнувања од сите ромски говори како што се: џамбаскиот, бургуџискиот, гурбетскиот и други.
АЗБУКА
Ромската азбука во Република Северна Македонија се состои од следниве букви во латиницата. Во кирилица ќе се употребува соодветната македонска ортографија.
A a, B b, C c, Č č, Čh čh, D d, Dž dž, E e, F f, G g, H h, I i, J j, K k, Kh kh, L l, M m, N n, O o, P p, Ph ph, R r, S s, T t, Th th, U u, V v, Z z, Ž ž
КОМЕНТАР
Во некои ромски говори се разликува увуларен фрикатив (x) од увуларен фрикатив (h), но имајќи предвид дека такви разлики не се прават во арлискиот говор, во азбуката не се воведуваат посебни букви. Таков изговор е дозволен како литературен за оние говорители кои што прават разлика во нивниот роден говор.
ОСНОВНИ ОРТОГРАФСКИ, МОРФОЛОШКИ И МОРФО-ФОНОЛОШКИ ПРАВИЛА
Нема посебен знак за таканаречениот темен вокал шва во азбуката, затоа што овој вокал е многу редок, маргинален, или сосема отсутен во повеќето ромски говори. Во ретките случаи каде што има шва, во арлискиот говор ќе се земе како литературен соодветниот збор од џамбаскиот, или од друг говор каде што на местото на шва има друг вокал. На пример, место арлискиот vrdon, се зема џамбаскиот vurdon.
2. Каде што има аспирација во коренот на зборот, секогаш се пишува. На пример jakh (око).
3. Не се забележува автоматска безвучност на крајот на зборот. На пример, dad (татко).
4. Каде што има основен дентален или веларен оклузив или сонорант пред вокал или јота т.е. t, d, k, g, l, n, плус i, e, j, се пишува основната согласка. На пример: buti, kergjum, geljum, lil, pani...
5. пример, kerdo-kergjum.
6. Каде што има јотација, се пишува со јота буквата и се пишува само како вокал. На пример, Romni, Romnie, Romnja, Romnjatar...
7. Во суфикси каде што во џамбаскиот и други говори се држи старото s кое што се изгубило во арлискиот говор, се пишува s. Devles, devlesa, manges, mangesa, mangas, mangasa...
8. Инструменталниот падеж секогаш се пишува со s. На пример, mansa, Romensar...
9. Личните заменки се: ME, TU, VOV, VOJ, AMEN, TUMEN, OLA
10. Посесивни заменки се: MO, TO, PO, AMARO, TUMARO, LESKE, LAKE, LENGE
11. Членовите се следниве: номинатив, машки род, еднина О, номинатив, женски род, еднина I, сите други Е. O Rom, i Romni, e Roma, e Romnja, e Romeske, e Romnjake,
E Romenge...
12. Компаратив се формира со суфиксот eder. Суперлатив се формира со maj. baro – bareder – majbaro (голем – поголем – најголем).
13. Називите на деновите во неделата се: kurko, palkurko, dujtodi, tritodi, štartodi, pančtodi, savato.
14. Називите на годишните времиња се: anglonilaj, nilaj, palonilaj, jevend.
15. Називите на месеците во годината се интернационални.

Автор Сејдо јашаров

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 278 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот