„Златна рамка“ – ревија на македонски филмови од минатата година. Учество зема и „Локални Херои -Светски Таленти„

Дваесет и пет македонски филма реализирани минатата година со поддршка на Агенцијата за филм ќе бидат прикажани од 22 до 24 февруари во кино „Фросина“ на ревијата „Златна рамка“ која ја организира Друштвото на филмските работници на Македонија-ДФРМ. 

Уметничкиот координатор Ана Василевска на средба со новинарите рече дека не станува збор за нов филмски фестивал, туку за ревија посветена на домашниот филм, со која публиката ќе има увид за филмовите завршени во  2018 година. Идејата е секоја гоидна да се организира ревија на филмови од претходната година.

На ревијата под мото „Влези во наш филм“ ќе бидат прикажани два долгометражни филма („Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски и „Враќање“ на Кастриот Абдили), седум документарни и 16 кратки филмови.
На оваа филмска ревија своје учество ќе има и најновото документарно остварување на СП БТР во копродукција со Студио 7, „Локални Херои -Светски Таленти.

Неговата проекција е на 24 Февруари со почеток од 17 часот во МКЦ -Кино Фросина

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 389 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот