По објавените резултати од Конкурсот за Годишна програма за 2019 година од страна на Министерството за култура, за одобрени средства за реализација на проекти се поставува прашањето - Колку Ромски културни работници аплицирале и од нив колку се одобрени?
За навремена реакција до оваа институција потребни се и комплетни информации за бројот на поднесените апликации, висината на побараните средства, како и од друга страна информација за одобрените средства на вкупниот број поднесени барања.
Оваа иницијатива ја потегнува Претседателот на РДИЦМ Зоран Димов, кој е член на работната група за изготвување на Национален акциски план за унапредување на културата на Ромите, согласно Стратегијата за Роми 2014-2020 година. Инаку оваа Работна група е формирана уште во текот на Ноември 2018 година со решение од Владата на РМ и тогашниот министер без ресор Аксел Ахмедовски.
Основната поента е да се види вистинската бројка на поднесени барања, за потоа да се донесе заклучок, на кое ниво е таргетирана ромската култура, како и по кои критериуми Комисијата од Министерството за Култура ги определувала доделените или пак одбиените проекти.
Затоа уште еднаш ги замолуваме сите Ромски правни и физички субјекти од областа на културата кои конкурираа за оваа 2019 во Министерството за Култура да ги испратат информациите во врска со аплицираните проекти, за тоа колку апликации испратиле, колкав бил буџетот на побарувачка, колку им одобриле и сумата на порбарувачка и одобрени средства.
Тоа може да го сторите на следниот е маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.