По објавата на резултатие за одобрени средства за културни настани за 2019 година, кои Министертсвото за култура ги прифати, незадоцолството од сите страни е големо.
Во овој контекст се вклучени и Ромите, кои како заедница со векови опстојуваат на овие простори.
И во минатото, но и сега од страна на Министерството за Култура на Р.Македонија, уште еднаш покажа голема индолентност кога станува збор за реализација на културни настани на Ромите во државата. И на овој конкурс се пријавија над 30-тина ромски субјекти кои беа подготвени да организираат културни настани во текот на оваа 2019 година.
И повторно Комисиите кои работеа на разгледување на овие проекти, како та беа „слепи„ за значајот на овие проекти кога станува збор ромската култура. Како еден мал пример, долгодоишниот субјет СП БТР Продукција со години наназад организираше низа културни манифестации кои оставија траен белег и рејтинг за оваа година конкурираа со свои два проекти, кои според некои мерила на Министерството за култура, не ги задоволуваа критериумите и покрај својот бекграунд и не беа одобрени ниту еден!
Според листата на одобрени средства кога станува збор за културни настани за Ромите, оваа 2019 Комисијата одбра само седум настани и тоа од пет субјекти -апликанти. Од страна на тие субјекти од нив беше побарано над 40.000 евра, а одобрени се околу 12.000 евра,
Здружението за издавачка дејност „Кхам Сијан „ за делото „ Живото е знаење „ побарало над 1.500 евра, а доделени му се 680 евра. Писателот Јусуф Сулејман за неговата книга „Алиџан„ побарал 2.500 евра доделени му се 1.500. ЗЖР „Есма„ од Скопје за „ Приказни на баба -белези на мојот град од побарани 1.750 евра, одобрени се 1.000 евра.
Романо Ило од Скопје за два настани Ромски мајски фолклорни денови „ и „ Ромски муз.фестивал„ побарано се над 20.000 евра одобрени се помалку од 3.000 евра, како и Ансамблот „ Рушит Шакир„ од Куманово за настаните Фолк фестивал „Јекхипе„ и Рома Труба Фест од побараните близу 15.000 одобрени им се скоро 6..000 евра .
Според Министерството за Култура во оваа 2019 година Ромската култура вреди само 1.000 евра месечно!. Скромно да не кажеме - скоро НИШТО!. Ви благодариме многу што ние Ромите сме ценети многу. Значи ние Ромските културни работници да заборавиме на културата и да се насочиме кон она што другите не препознаваат, по музиката и свадбите. Богами поисплатливо е!