Познатиот и признат уметник, кој моментално работи и живее во Белгија, Дурмиш Ќазим, новата 2019 ја започна успешно.
Во белгискиот град Андерлехт од 19 јануари до 17 февруари оваа година ќе има своја самостојна изложба на негови досега не објавени уметнички дела.
Тие се во разни форми, од портрети изработени во повеќе сликарски техники.
Неговата уметничка визуелност е богата и содржајна. Со тоа уште еднаш докажа дека се работи за врвен уметник, кој повеќе од една деценија ја работи професијата која очигледно дека ја обожава.
Неговата професионалн кариера од година во година оди во нагорна линија, и со таа активност се ештаблира во еден врвен уметник
Очекувањата се дека оваа изложба ќе биде посетена и дека тој нема да застане тука, туку ќе му биде мотив за неговата понатамошна успешна кариера.