Во својата богата национална историја од над 1000 години Ромите биле позната и како луѓе забавувачи.
Покрај другото и циркуската професија, како жонглери, акробати, скротувачи и сл била дел од нивното секојдневие.
Во едно од истражувањата се напоменува дека првата ромска циркуска група на територијата на Европа се појавува уште во 1322 година. Таа допатувала од Египет во Цариград, и броеше 20 членови кои правеа смртоносни игри во арената. Таа група во 1323 година од Цариград преку Тракија пристигнала во Македонија а потоа и во Србија.
Во тоа време во Србија владател беше Стефан Урош Втори или попознат како Дечански Грчкиот историчар Никифор Григорас го опишал тој циркус во своето дело „Историја на Византија„.
Според него тие циркуски перформанси во Србија ги правеа истите кои ги правеа и во Цариград. Тие престави ги гледаа во Призрен, Скопје и други градови, Најверојатно таа група на Роми циркуски акробати потоа заминала некаде на запад најверојатно во Шпанија. Овие записи беа како доказ дека Ромите веќе биле на овие простори во тој период.
Потоа од времето на Турците кои ги завзедоа овие простори има и сигурни извори за Ромите декас биле на овие простори. Еден од нив е од 1491 година каде според пописот Ромите биле христијани кои ги затекнале и самите Турци.