Сега кога се одбележува 1000 години од миграцијата на Ромите интересот за нивната историја е уште поголем. Тие во овие илјада години успеале да го задржат својот идентитет, јазик, култура и обичаи и покрај големите турбуленции за време на нивното опстојување.
Според хрватските информации Ромите на територија на Хрватска пристигнале во 14 век. Инаку ромската заедница во Хрватска не е хомогена: говорат на различен јазик и се со различна религијска определба. Историските почетоци на Ромите во Хрватска се со скромни информации.
Според историско -лингвистички извори може да се заклучи дека Ромите се со потекло од северозападна Индија ( Дардистан, Ќафиристан), Според споменатото истражување Ромите на територија на Хрватска се спомнуваат за прв пат во Дубровник во 1362 година во трговските листи, и затоа се верува дека се занимаваа со трговија.
Тогаш „Еѓипќаните Влахо и Витан ја дадоа под залог на златарот Радан Братославиќ осум големи сребрени ремени. Факт дека се работи за трговска преписка може да се претпостави дека Ромите во тој период живееле во Дубровник.
Десетина години подоцна повторно се споменуваат и во Загреб каде се трговци, кројачи и месари. Историчарот Иван Крстител Ткалчиќ (1840. – 1905). во „Историската споменица на слободниот кралски град Загреб„ од 1885 година, како дел од најбројна ромска група доаѓаат помеѓу 10 и 15 веки се движат кон Средна Европа преку Мала Азија и Југоисточна Европа.