Интегрираното ромско семејство депортирано среде ноќ
Среде ноќ, четворочленото ромско семејство Исламовски беше депортирано во Република Северна Македонија. Пријателите бараат право на нивно враќање затоа што тоа семејство е интегрирано во германското општество.
Ова ромско семејство избегале во Германија во 2015 година поради постојани одмазда, и прво беа сместени во засолништето за бегалци Вихвасен, подоцна во Унтертурхајм. „Една година живеат во стан на таванот во Ренцвиесен и имаат одлично интегрирани во округот. Се чинеше дека сонот се оствари “, вели Мобили. Но, ова заврши нагло на 27 септември. Во три часот наутро родителите, Кемал и неговата десетгодишна сестра Ѓултен, беа рабудени од вревата. Полицајците беа на вратата.
И покрај предупредувањето дека член на семејството бил хоспитализиран само неколку дена порано од срцев удар, семејството имало само еден час да собере документација. Во 4.15 часот тие беа одделно депортирани аеродром Баден-Баден - разделени во две возила.
Поддржувачите се зачудени. Бидејќи семејството добро се интегрирало во општеството. Родителите биле вработени во еден турски супермаркет и им била дадена работа во близина кај што живееа. Мајката зборува совршено германски јазик. Таа, исто така зборува албански, македонски, српскохрватски и турски - што и помогна во супермаркетот. Многу често тие посредуваа и во преведување на другите бегалци без разлика дали се работи за медицински или пак административни толкувања.
Сега се засолнати во нивниот град Ресен кај роднини и работат на берба на јаболки за 20 евра дневница.
Нивните подржувачи од Германија собраа потписи и го молат законодавството за нивно враќање назад. Тука се вклучени нивните работодавачи од супермаркетот, центарот ФиЗ каде што работеа доброволно и училиштето кое го посетуваше Кемал и сестра му Ѓултен.