Ромите беа дискриминирани и пред нацистичката ера. И состојбата станала уште полоша по доаѓањето на Хитлер на власт во јануари 1933 година. Кон средината на 1930-тите нациститте им забрануваа на Ромите да работата на одредени работни места, тие беа присилно стерилизирани во форма на етничко чистење и масовни внатрешно нацистички логори.
Според информациите се проценува дека за време на Втората Светска Војна убиени се околу 500.000 Роми , но точниот број никогаш нема да се дознае затоа што повеќето убиства никаде не се забележани и истражувачите сметаат дека нивниот број е многу поголем.
Поради малата или никаква евиденција многу семејства никогаш нема да дознаат што всушност се случило со нив.
Инаку Др. Роберт Ритер одговорен за истражувачкиот центар за расна хигиена во Рајховиот Завод за здравје во 1938 година го започнал проектот со цела анализа на „расни карактеристики„ на Ромите. Научниците го проверуваа нивното здравје, им земаа крв и им ја мереа главата.
„Измислуваа разни расистички идеи за Ромите поради генетски причини за инфериорност„ напомена Барбара Врнок раководител на центарот за Холокауст.
Youtube: https://www.youtube.com/watch?time_continue=77&v=8TghTGPXILw&feature=emb_logo