Ромската литератур од денес е збогатена со нова научна студија под наслов „Геноцидот врз Ромите во Втората светска војна“.

М-р Мирдита Салиу е првиот автор на една ваква значајна студија за геноцидот врз Ромите во Македонија, а нејзината вредност е од големи размери бидејќи е автор од ромската заедница која зад себе остава значаен труд за севкупната историја на ромскиот народ.

Научната студија содржи елементи кој опфаќа одреден период, за кој можеме да кажеме дека претставува не само продолжение на дискриминаторските политики и практики кон Ромите од минатото, туку и врв на дискриминацијата, а тоа е геноцидот во Втората светска војна.

Во овој период вниманието е насочено кон истребување на Ромите, кои претставувале пречка во развојот на нацистичкото општество. За да се надмине проблемот на асоцијалноста на Ромите и опасноста од Евреите, нацистите креирале и наредиле спроведување на планот за „Конечно решение на еврејското прашање“ (Die Endlösung der Judenfrage), геноцид, односно нивно истребување поради нивната замислена припадност на инфериорна раса.

Овој предмет на интерес стои во директна врска со одземање на основните права на човекот, какви што се правото на живот и слобода, чија крајна цел била целосно истребување на Ромите и Евреите.

Овој труд се очекува да даде свој придонес за дополнување на историјата на Ромите, особено во делот која се однесува на холокаустот и на геноцидот во Втората светска војна и воедно оваа проблематика да заземе соодветно место во научната мисла на нашите простори.

Овој научен труд се поклопува со одбележувањето на 75 годишнината од извршениот геноцид врз Ромите. Да потсетиме дека на 15 април 2015 година Европскиот Парламент ја усвои Резолуцијата со која 2 август се прогласува за ден на сеќавање на жртвите на геноцидот врз Ромите во Втората Светска војна (1940-1945).

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 350 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот