Сакам да речам

За инцидентот во Шутка, сега најмалку треба мислење од „сеир„ интелектуалците!

По инцидентот кој се случи во вечерните часови во понеделникот навечер, наместо смирување на тензиите и стабилност, социјалните мрежи просто „експлодираа„ ! Коментарите на обичните граѓани разбирајќи ја нивната загриженост одеа од една крајност до друга. Тоа беше разбирливо од причина дека беа „под стрес„ од претходнитее случувања во врска со информациите кои кружеа низ ФБ за киднапирање и крадење на деца. Тоа беше разбирливо, од причина што сите тие се родители и загрижени.
Но чуди фактот, токму таа вечер кога се случи немилиот настан, одеднаш сите до тогаш преходно немите „сеир„ интелектуалци кои стојат само позади тастатурите -да се направат најпаметни, а во претходните денови кога за цело време се споделуваа информации од обичните граѓани, дека има индикаци за лица -киднапери кои во секој момент може да направат нешто лошо , тие „сеир„ интелектуалци не напишаа во коментар ниту една буква.
Сето тоа го гледаа со иронија без да се впуштат во некој коментар, совет, апел и сл, туку онака си молчеа, и ги прескокнуваа тие ФБ информации најверојатно со помисла „проста маса овие си прават филмови„
Но сепак таа тензија продолжи и понатаму меѓу жителите од Шутка, за кои веќе започнаа и медиумите (само ромските) да даваат информации за оваа состојба меѓу граѓаните. Во тој контекст се придружи и актуелниот градоначелник на општината Курто Дудуш, кој на неколку часа пред да биде инцидентот, повика на собир на граѓани во врска со состојбата во која се наоѓаат луѓето. Дури беше повикан и командирот на ПС Бутел на таа средба.
Но за жал после неколку часа се случи овој немил настан. И тогаш „ се разгорпадија„ тие „големи ромски борци за ромски права„ и сите останати „сеир „ интелектуалци, кои едвај како да дочекаа да извршат инвазија на обвиненија врз персони и индивидуи како да се тие виновни за тој немил инцидент. Прво јавно ги линчуваа ромските медиуми да известуваат за нешто што не е сеуште јасно и разјаснето каде се беше чиста -конфузија!
Токму тие ромски медиуми беа меѓу првите кои дадоа информација за загриженоста на самите граѓани Роми за соменж од киднапирања. Но „сеир интелектуалци , ниту збор не напишаа. А за време на инцидентот беа „главни промотори и аналитичари„. После битка сипаѓаат -генерали.
Второ го прозваа според нив виновникот за претходните состојби самиот градоначалник поради некаква неажурност.
И сето тоа заедно во еден куп, ги „лоцираа„ виновниците. Од страна , сеирџиски и лицемерно. Кај сите најдоа грешки само тие се вистниските „консолидатори„!
И ете поради такво „вродено лешинарство„ на тие наши интелектуалци, доаѓаме до тоа дереџе.
Инаку како посебен пример е и актуелниот пратеник во Собранието од ПЦЕР, Самка Ибраимовски, кој за цело време во претходните денови апсолутно беше „невидлив„ за состојбата во Шутка, а веднаш по инцидентот веднаш се појави на ФБ со своето стандардно „Мои Роми тука сум за вас„
Без понатамошен коментар но со краток заклучок - „Колку лицемерно „

РДС: Баловите завршија, остана ли нешто храна за сиромашните?

Периодов кој помина беше период на „Баломанија„. Традиционалните Ромски балови беа на големо рекламирани , и сето тоа ефектуираше со голем број на посетители. И токму тоа, прогнозите се остварија и на сите организирани балови (главни беа за Македонија баловите организирани од СРМ на Амди Бајрам и Општината Шуто Оризари организирана од градоначалникот Курто Дудуш.

Беше и помина, посетеноста беше голема и покрај „изгор цени„ за богатото мени. Се движеа од 25 до 100 евра. Имаше и домашни и странски гости. Дојдоа, јадеа, пиеа, се веселеа и си заминаа. Организаторите се пресметаа до каде се и што се. Според муабетите биле во позитива!

Но се поставува едно прашање. Што е со сето она јадење кое остана? А со сигурност остана! А самите знаеме дека токму меѓу Ромите има семејства кои едвај врзуваат крај со крај и дека има семесјтва кои буквално легнуваат гладни.

Нели е похуман аспектот сето тоа што не е искористено како храна , да биде споделено помеѓу таа категорија на луѓе. Нека се организира например „Недела на хуман оброк„.

Барем од тој аспект и бар минимално ќе се покаже сенсот на чувство на хуманост кон своите сограѓани кои не само што неаа ниту минимална шанса да бидат дел од тие Балови, нека ја почувствуваат радоста на самата храна. Нека е и минимална, но чувството дека некој помислил и на нив е огромно.

Со полн стомак подобро се размислува нели? Ај сите тие кои се најадоа и се сити нека ги размрдаат своите мозочни виуги и да го направат овој чекор. И уште еден момент. Ве молиме без „селфи„

Majstore aj phrav o udar te ikljovav!

Kaj si o Roma palo 27 berša taro biathinalipa an i R.Makedonia. So reslem dži akana? Te čhivgjem pučiba sa so si e prefiksea "Roma" an i R.Makedonia ka trubul nevi edicia e pendžarutne lileske " Soske, sar, kaske, kote thaj kobor" taro pobuter šel riga hramosardo teksti.

Pučiba taro sa o sfere sar so si civilno dživdipa, politika, ekonomia, sociala, kultura, kanoni thaj panda but aver sfere.
O akanutnipa e Romengoro an i R.Makedonia si akava: But majbaro intelektualno kapaciteto thaj kadart taro baro numero diplomirime Roma, a aemn siem panda an o intelektualno thaj mentalno podrumi an o makedonikano sakodivesa!

Повеќе...

Kobor i them akceptirinel o Romane inicijative ? „O džukela havlajnena, o karavani džala"

Dikhibaja o faktia thaj o numeria sar jekh notacia i R,Makedonia taro piro biathinalipathaj sa dži ko avdisutno dive - 27 berša, trujal olakoro proklamacia sar jekh multietnikani, multikulturikani thaj sa e jekhinenge jekh them, iranel pe i gind kote an i praksa odova nane agjaare "pink" .

An o akava ka akcentirinav o momenti e Romane jekhinake kote aso i Statistikani operacia - Gejnipa (Popis) an i RM taro 2002 berš o Roma si sublimato paše 2,7% (53.879), kote o Roma si štarto an o rango aso etnikano gejnipa sar etnikani jekhin (palo Makedoncia, Albancia thaj Turklie).

Pendžaripaja o saste faktičko deklarativno napia tari socialno inkluzia (civilno inkluzia) thaj bukjarnipa si seriozno momento kote an o kontinuiteto arakhel pe i Republika Makedonia . O bibukjarnipa si problemi so arakhen pe sa o target grupe taro persone bizi buti taro teleperavde kategorie sar so si o : terne, butvakteskiri bizi buti , socialno arka so lena, persone bizi bari edukacia thaj avera.

Повеќе...
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 261 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот