Периодов кој помина беше период на „Баломанија„. Традиционалните Ромски балови беа на големо рекламирани , и сето тоа ефектуираше со голем број на посетители. И токму тоа, прогнозите се остварија и на сите организирани балови (главни беа за Македонија баловите организирани од СРМ на Амди Бајрам и Општината Шуто Оризари организирана од градоначалникот Курто Дудуш.
Беше и помина, посетеноста беше голема и покрај „изгор цени„ за богатото мени. Се движеа од 25 до 100 евра. Имаше и домашни и странски гости. Дојдоа, јадеа, пиеа, се веселеа и си заминаа. Организаторите се пресметаа до каде се и што се. Според муабетите биле во позитива!
Но се поставува едно прашање. Што е со сето она јадење кое остана? А со сигурност остана! А самите знаеме дека токму меѓу Ромите има семејства кои едвај врзуваат крај со крај и дека има семесјтва кои буквално легнуваат гладни.
Нели е похуман аспектот сето тоа што не е искористено како храна , да биде споделено помеѓу таа категорија на луѓе. Нека се организира например „Недела на хуман оброк„.
Барем од тој аспект и бар минимално ќе се покаже сенсот на чувство на хуманост кон своите сограѓани кои не само што неаа ниту минимална шанса да бидат дел од тие Балови, нека ја почувствуваат радоста на самата храна. Нека е и минимална, но чувството дека некој помислил и на нив е огромно.
Со полн стомак подобро се размислува нели? Ај сите тие кои се најадоа и се сити нека ги размрдаат своите мозочни виуги и да го направат овој чекор. И уште еден момент. Ве молиме без „селфи„