Во рамките на проектот „Баир – здружена акција на Битола за вклучување Роми“ се објавува повикот за пријави за реновирање домаќинства на ромското население во населбата Баир. Целта на овој повик е да им се реновираат домаќинствата на 27 ромски семејства, чии објекти имаат имотен лист.
Предвидува три типа интервенции од поставување ПВЦ-дограма, обнова на фасада и реконструкција на покривот. Граѓаните ќе имаат можност од денес, 21 септември, па секој работен ден, заклучно со 7 октомври до 14 часот, да се пријават. Доколку се јави недоволен број, повикот ќе биде продолжен“, рече Климентина Ѓорѓиоска, проектен менаџер.
Проектот „Баир – здружена акција на Битола за вклучување Роми“ е финансиран од Европската Унија преку инструментот за претпристапна помош ИПА 2, ЕУ за Ромите и луѓето што живеат во длабока сиромаштија. Имплементатори на проектот се италијанската невладина организација COSV, „ПРЕДА плус фондација“ и Општина Битола.