Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромската заедница во Република Северна Македонија во која се вклучени 15 Ромски НВО, асоцијации и здруженија, во своето соопштение кое ќе го испрати до релевантните институции и воедно во јавноста се вели дека: „Најостро го осудува непружањето на соодветна медицинска грижа во два случаи на Роми од страна на вработениот медицински персонал во Општата болница во Кочани. Затоа и Мрежата за застапување за системски и трајни решенија ги повикува надлежните институции да реагираат по допрен глас и да ги испитаат двата случаи и соодвeтно да постапат и да ги превземат сите мерки на санкционирање против инволвиранитре лица„ се вели во соопштението од страна на Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромската заедница во Република Северна Македонија