ИРУ

ИРУ РеакцијаИнтернационалната Ромска Унија - ИРУ е длабоко разочарана и воедно најотворено реагира во врска со настанот кој се случи во Сабота 19 јуни 2021 година во Теплице - Република Чешка. ИРУ реагира дека целиот овој случај сака да се минимизира, и да му се даде поинаков правец. На тоа асоцира и изјавата на чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамажек им дава отворена поддршка на полицајците кој според индициите можеби и се одговорни за смртта на младиот Ром. Уште поалармантно е дека отфрлаат секаква одговорност од себе и дека причина за смртта е употребата на дрогата од страна на починатиот Ром. Очигледен е пасивниот однос на полицијата кон овој случај, и затоа ИРУ го повикува чешкото МВР, чешките државни институции, и воедно европските институции овој случај да биде приоритет во негово расветлување и темелна истрага која ќе биде јавна и транспарентна. Истовремено ИРУ на секој начин ќе направи напори, овие случаи и слични на него во иднина да не се повторуваатм и да им се стави крај на овие постапки без разлика каде и да се случуваат. ИРУ ќе го мобилизира своето членство и партнер организации и ќе ја следи состојбата, и на секој начин пред сите институции ќе ги брани интересите на Ромската заедница. Тоа подразбира, борба против секоја бруталност врз Ромите и нивната дискриминација. Со почит Зоран Димов, Претседател на ИРУ- 23.Јуни 2021

Интернационалната Ромска Унија - ИРУ е длабоко разочарана и воедно најотворено реагира во врска со настанот кој се случи во Сабота 19 јуни 2021 година во Теплице - Република Чешка. ИРУ реагира дека целиот овој случај сака да се минимизира, и да му се даде поинаков правец. На тоа асоцира и изјавата на чешкиот министер за внатрешни работи  Јан Хамажек им дава отворена поддршка на полицајците кој според индициите можеби и се одговорни за смртта на младиот Ром. Уште поалармантно е дека отфрлаат секаква одговорност од себе и дека причина за смртта е употребата на дрогата од страна на починатиот Ром. Очигледен е пасивниот однос на полицијата кон овој случај, и затоа ИРУ го повикува чешкото МВР, чешките државни институции, и воедно европските институции овој случај да биде приоритет во негово расветлување и темелна истрага која ќе биде јавна и транспарентна.

Истовремено ИРУ на секој начин ќе направи напори, овие случаи и слични на него во иднина да не се повторуваатм и да им се стави крај на овие постапки без разлика каде и да се случуваат. ИРУ ќе го мобилизира своето членство и партнер организации и ќе ја следи состојбата, и на секој начин пред сите институции ќе ги брани интересите на Ромската заедница. Тоа подразбира, борба против секоја бруталност врз Ромите и нивната дискриминација. Со почит Зоран Димов, Претседател на ИРУ- 23.Јуни 2021

ИРУ делегатот од Јапонија, Суми Јусуке ги запозна Јапонците со Ромите и нивната историја, култура, јазик и традиција

На 4ти Јуни 2021 Јусуке СУМИ кој студиреаше под професор Георѓе Сарау во Романија, одржа предавање за Ромскиот јазик и Културата на Ромите во Канда Универзитетот на Интернационални Студии, Јапонија. Неговиот говор беше насловен “Ромскиот Јазик – трагите на талкачите“. Презентацијата беше одржана онлајн поради вонредната состојба и околу 80 студенти и професори беа поканети и присутни на Повеќејазичниот Центар за Комуникации

Тој презентираше основни работи за историјата на Ромите, покажувајќи го краткото видео кое беше направено за време на 50 Годишнината од воспоставувањето на ИРУ. Потоа разговараше за културата и јазикот на Ромите.

Во продолжение, еве ги некои од коментарите од присутните кои се собраа на ова предавање. Како што може да видите, јасно е дека Јапонските студенти навистина не знаат за Ромите:

“Јас си мислев дека Ромите живеат сите заедно во една држава. Изненадување беше фактот дека тие не делат заедничка религија или пак некои традиции.“

“Импресивен е фактот дека тие имаат официјално име, знаме и химна, но живеат во различни држави.“

“Прв пат слушам за Ромскиот јазик. Не знаев дека Ромите биле убиени најмногу по Евреите во Втората светска војна“.

“Го имам слушнато зборот ‘Цигани’ но ‘Роми’ никогаш. Кога го слушнав зборот Роми за прв пат, си помислив дека тие се луѓе кои живеат близу Рим во Италија.“

“Многу ми се допадна говорот на Претседателот на ИРУ во филмот ‘ИРУ е едно семејство’.“

Тоа беше одлична можност за млади Јапонци да бидат заинтересирани за историјата и културата на Ромите. Повеќејазичниот Центар за Комуникации на Канда Универзитетот за Интернационални Студии сега планира да организира курс по ромски јазик, поканувајќи го Јусуке СУМИ да биде предавач во иднина.

Во Бразил се одбележa денот на бразилските Роми, видео обраќање на Претседателот на ИРУ Зоран Димов

Во организација на ИРУ членовите од Јужна Америка - Бразил Елиса Коста и Мишел Кристон, на 21 мај преку видео конференција организираа настан со кој се одбележуваше 24 мај денот на Бразилските Роми. Овој ден во Бразил е востановен пред 15 години. Овој пат организаторите се потрудија да бофе направено на едно повисоко ниво, и во неа беа вклучени високи преставници од државниот врв на Бразил. Меѓу другите свое овраќање преку видео врска имаше и Претседателот на ИРУ Зоран Димов, како главен промотор на ова одбележување. Во таа чест од страна на ИРУ делегатите од Бразил Елиса Коста и Мишел Кристон доделиа и признаниа од ИРУ за особен придонес на уште 12 преставници разни преставници кои години наназад се борат за бразилските Роми на повеќе полиња како што се борба против романофобијата и антигициганизмот, младите, дезинформациите, еднаквоста, правдата, дообразованието, писменоста, инклузијата, жените, човековите права, пандемијата, културата, почитувањетона основното право на работа, пристојно домување, мировни преговори, културно наследство, музика, Ромски јазик, достапност на вакцини, ромска литература и јавна политика итн.

Сакаат но неуспеваат да го „оцрнат„ ИРУ и нејзиниот претседател Зоран Димов

На неодамнешиот 11ти Состанок на Советот на Европа – Дијалог со Роми и Травелер Граѓански Здруженија кој беше одржан онлајн на 29-30 Април 2021 кој беше организиран од страна на Советот на Европа каде што учество зема и Претседателот на ИРУ, Г-дин Зоран Димов.

Повеќе...
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 260 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот