ИРУ

Почина Др Сатиш Пиларесети - Зам.комесар за финасии и економија во ИРУ

На 29 мај 2022 ненадејно почина заменик комесарот за финансии и еконија на ИРУ Др. Сатиш Пиларесети.

Тој живееше и работеше во Њу Делхи , Индија е е активен член и делегат на ИРУ во последните две години.

Инаку Др. Пиларесети е вистински стручњак и професионалец во својата област од финансии и економија. Тој во Индија беше и  Извршен директор во Са-Дан (Асоцијација на финансиски институции на заедницата) во Њу Делхи и таа функција ја извршуваше во последните седум години.

Со неговата смрт ИРУ и ромската заедница изгуби еден врвен професионалец како и еден докажан стручњак од областа на економијата и финансиите кој беше докажан во својата област, кој има завршено и високо образование на Харвард Бизнис Универзитетот.

ИРУ на чело со претседателот Зоран Димов го изразува своето длабоко сочувство до најблиските од неговото семејството.

Средба во Брисел на Престедателот на ИРУ Зоран Димов со високиот преставник од ЕК Марта Гарсија Фидалго

Во рамки на активностите во Брисел, претеседателот на ИРУ Зоран Димов на маргините на состанокот во Европскиот Парламент „Roma Week” имаше средба со Марта Гарсија Фидалго - Советник за инклузија на Ромите и еднаквост Координатор за соседство и преговори за проширување, Европска комисија.

За време на таа средба Димов ја запозна Фидалго со дел од активностите и плановите на ИРУ и нивното делување .

Покрај тоа тој ја информираше за состојбата со Ромската заедница како во државите во ЕУ така и Западен Балкан а воедно и за Ромите од Украина.

Воедно ја информираше и за Декларацијата која ја подготви ИРУ до сите европски институции како и Декларацијата од страна на Мрежата за системски и трајни решенија чиј е и координатор,

Како потпреседател на ЕРТФ ја информираше и за тековните кативности во оваа организација која е дел од Советот на Европа.

Марта Гарсија Фидалго напомена дека е тука секогаш да помогне во имплементација на планови и стратегии поврзани со Ромите и дека секогаш е подготвена за соработка и координација.

Таа ја истакна својата заложба и посветеност како Советник за инклузија на Ромите и еднаквост во ЕК и воедно напомена дека ја цени работата на ИРУ како и активностите на нејзиниот претседател Зоран Димов.

Средба на претседателот на ИРУ Зоран Димов во неговиот офис во Брисел со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски

Во рамките на „неделата за Ромите„ која се одржува во Европскиот парламент во Брисел. Ма средба во офисот на претседателот на ИРУ Зоран Димов беше и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Димитриевски е во Брисел да ја прими наградата од страна на Европскиот парламент како „најпријателски градоначалник на Ромите„.

Зедничката средба на Димов и Димитриевски, како и советникот на Димитриевски Ахмет Јашаровски ја искористија за размена на идеи и планови во интерес на Ромската заедница од општина Куманово.

И двете страни уверија дека досега соработката е на доста високо ниво и таа ќе продолжи и во иднина се во интерес и афирмација на Ромската заедница од оваа општина во Република Северна Македонија

Претседателот на ИРУ Зоран Димов во Берлин на состанок во германскиот Бундестаг и ЕВЗ фондацијата

Како дел од активностите на ИРУ и европската перспектива поврзана со Ромите како од Украина и воедно борба против анти циганизмот , во рамките на тие активности Претседателот на ИРУ и воедно потпреседател на ЕРТФ и Координатор на Мрежата за системски и трајни решенија денес беше присутен на состанокот на Одоборот на Доверители од Фондацијата ЕВЗ во Берлин.

Тема на останокот и разговорите беа Ромите од Украина и начинот на кој може да им се помогне, како и борбата против анти ромското расположение кое е се поприсутно на европско тло и пошироко.

Тука Димов имаше една многу успешна презентација зповрзана со овие теми каде присутните ја оцениа со највисоки оценки.

Инаку во Фондацијата на ЕВЗ има и членови од Германската Влада и Бундестагоит каде во самиот организациски систем има повеќе и германски владини преставници. Ова значи преставуваше еден редок момент каде еден Ромски преставник имаше директно учество во работата заедно и со преставниците од Бундестагот , каде ќе се направат напори да им се помогне како на  Ромите од Украина, и воедно задно да бидат вклучени во борба против антициганизмот.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 197 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот