ИРУ

На средбата со претседателот на ИРУ Зоран Димов, францускиот амбасадор Н.Е. Кристиан Тимониер ја потврди својата целосна подршка за донесената Резолуција за формирање на Независно тело -Ромски Омбдусман

Во рамките на одличната соработка помеѓу Интернационалната Ромска Унија - ИРУ и Француската Амбасада во Република Северна Македонија и Н.Е. Кристиан Тимониер на 19 јули годинава се одржа средба во просториите на Амбасадата , каде ги разменија своите мислења и ставови во врска со Ромите како во државата така и надвор од неа.

Ова е доказ дека француската амбасада е отворена за соработка и подготвена да ги подржи сите иницијативи и акции кои ги превзема Интернационалана Ромска Унија - ИРУ во последниве години.

Една од тие подржани акции каде јасно и недвосмислено ја покажа француската влада преку Амабасадорот Кристиан Тимониер е и последниот Парламентарен собир на ИРУ кој се случи на 28 и 29 јуни оваа година во Скопје, кога беше презентирана иницијативата за подоцна да биде донесена и одлука во форма на Резолуција за основање на Независно тело - Ромски Омбдусман во меѓународен оквир.

На тој собир Н.Е. Кристиан Тимониер пред сите членови и делегати на ИРУ и присутните гости истакна дека неговата Влада ка подржува оваа иницијатива која подоцна беше донесена во форма на Резолуција, како и подготвеност за нејзино целосно функционирање, чије седиште ќе биде во Стразбур и Женева.

Воедно и во новоформираното тело покрај другите како нејзин член е и Н.Е. Кристиан Тимониер.

По повод тој настан Претседателот на ИРУ Зоран Димов за време на вчерашната средба му додели Плакета -Благодарница во име на ИРУ, каде исто така од стана на амбасадорот Тимониер беше кажано дека ќа ја продолжи заложбата за заедничка и продлабочена соработка и во периодот кој доаѓа, со акцент дека новоформираното Независно тело -Ромски Омбдусман ќе придонесе многу повеќе во полето од почитување на фундаменталните човекови права, во борба против дискриминацијата како и елиминација на нетолеранцијата и кршење на правата на Ромската нација насекаде низ светот.

ИРУ донесе Резолуција за Формирање на Независно тело -Контакт поинт - Ромски Омбдусман

Интернационалната Ромска Унија -ИРУ на својата последна Парламентарна сесија на 28 и 29 Јуни 2019 во Скопје, Р.С.Македонија, беше промовирана иницијативата предложена од Претседателот на ИРУ , г-дин Зоран Димов, насловена како „ Иницијатива за формирање независно тело - Контакт поинт - Ромски Омбдусман„.

Иницијативата беше презентирана од страна на Г-дин. Жељко Шајн - Магистар по Правни науки од Р.Србија.

Тргнувајќи од клучните документи на Совет на Европа, Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската конвенција за човекови права и фундаментални слободи, како и од анти-дисцкриминационото законодавство на Европската унија, кои предвидуваат механизми за заштита на човековите права, но истовремено, ромската заедница не ги користи, односно нема застапеност на истата во овие структури, во насока на зајакнување на довербата во истите меѓу преставниците на ромската заедница и истите, се предлага формирање на контакт-поинт: Ромски Омбудсман.

Оваа институција, на почетокот воведена во рамките на Меѓународната Ромска Унија, а како застапник на ромската заедница меѓу ромите и постоечките механизми, се очекува, заедно со постоечките институции, да го дефинира својот мандат под покровителство на некоја од постоечките меѓународни и регионални организации, односно да се институционализира.

Во оваа насока, се очекува поддршка од Европската унија, Совет на Европа, Обединетите нации, но и од Франција, која преку својот амбасадор во Р. Северна Македонија, напомена дека е заинтересирана да го помогне процесот.

Иницијативата за формирање независно тело - Контакт поинт - Ромски Омбдусман, произлезе од актуелните случувања во полето за почитување на Фундаменталните Човековите Права и слободи , со акцент на Ромската Нација.

Магистерот по Правни науки Жељко Шаин иницира „Мисијата Контакт поинт„ Омбдусман за ранливи групи - Роми

За време на Парламентарната сесија на ИРУ која се одржа во Скопје на 28 и 29 Јуни, во делот на „Публик Хиринг„ пред присутните, членот на ИРУ Жељко Шајн кој е и магистар по правни науки, нотираше Иницијатива за формирање преку „Контакт поинт„ Омбдусман за ранливите групи пред се за Ромите. Тој во својата иницијатива меѓудругото наведува:
„ Доколку се насочиме на институционалните информации од разни меѓународни институции, како извршни така и законодавните не ни најмалку завидна сликата: повреда на човековите права и дискриминацијата ја има во голема мера.

За да се постигне посакуваната цел: изедначување на степенот на уживање на правата на припадниците на Ромското малцинство сметаме дека неопходно е да се спроведат реформи во институционален оквир и на вертикално и хоризонтално ниво на почитување на тие права помеѓу важнбите политички субјекти и Интернационалната Ромска Унија -ИРУ, кој е дел и од ОН, и ги преставува Ромите на сите нивоа и има соработка со ЕУ и други важни меѓународни институции.

Задачата која е пред нас е всушност како сега постоечкиот Омбдусман на локално, национално и европско ниво да биде уште поефикасен. Решението е воспоставување експерсткото тело „Контакт Поинт„ Омбдусман за ромски прашања„

Овој механизам ќе служи повеќе како советодавно тело на европскиот, националниот и локалниот омбдусман, ќе го убрза интегративниот процес ви општеството , а со тоа и овие проблеми , како пример на Балканот не би преставувале кочница во евроинтегративниот процес на земјите кои бараат членство во ЕУ.
Ако имаме во вид дека омбдусманот со својата работа ќе придонесе развој на почитувањето, слободата и правата на граѓанинот , потоа воспоставување на „Мисијата Контакт поинт„ е вистински одговор на мнгу нерешени прашања со кои денес се занимаваме.

Во консултација со врвни есперти од правосудскиот систем како што се Меленк Креч, судија по меѓународоно право, со академикот во МАНУ Владо камбовски, и други,сите тие се повикуваат на меѓународната конвеција за заштита на малцинствата усвоена од страна на Советот на Европа , сметаат дека ова би било убав момент како за ромската заедница, така воопшто и за општеството.

Нормално дека ќе треба сериозна работа која ќе одговори на многу прашања за воспоставување на овој механизам.„
На самиот крај Шајн го цитираше и Нехру кој во 1961 година во Белград, за време на Конференцијата на неврзаните земји и при посетата на ромската населба Маринкова бара, Тито му рекол дека таму живеат Роми на што Нехру му одговорил: „
„Сонцето има безброј имиња, но тој свети и грее подеднакво за сите„

ИРУ на својата седница донесе пакет одлуки за подобро утре на Ромската нација во светот

Во присуство на 51 делегат од 23 држави , викендов во Скопје се одржа 5-тата Парламентарна сесија на ИРУ.

Покрај ИРУ преставниците, со свое присуство ги удостоија Владини преставници, преставници од политичките партии , повеќе Амбасади кои се во функција на своите држави во Р.Северна Македонија, како и меѓународни организации кои имаат свои миси во државата како што се ОБСЕ/ ОДИХИР, ИОМ, ЦЕо, Европска Развојна Агенција и др.

Свои поздравни говори и обраќање имаа покрај Претседателот на ИРУ Зоран Димов, и г-дин
Роберт Алаѓозовски Преставник од Владата на Р.Северна Македонија - Нац. коорд. за раз. на културата и меѓун. соработка , НЕ Г-дин Кристијан Тимоние -Амбасадор на Р.Франција во Р.Северна Македонија, Жељко Шајн - Маг. по правни науки и вовед со тема: „Иницијатива за формирање независно тело „Контакт поинт„ со Омбдусман , Кристи Михалаче - ОБСЕ/ОДИХИР, Наташа Амдију - Европска Развојна Агенција - експерт за човекови Права, Лиллјана Поповска - претседател на ДОМ и др.

Темите беа: Публик Хиринг - Тема: "Владеење на правото и Статусот на Ромската заедница, Трет Научен симпозиум за Холокаустот - Тема: „Ромскиот Холокауст -Ужасот и вистината за Ромските гета„, Прв Научен симпозиум - Тема: "Генеза, Јазик, Историја и религија, Ромски Бизнис Форум и социо - економската состојба на Ромите во светот.
На крајот од овој дводневен состанок беа донесени многу важни одлуки за иднината и прогресот на Ромското движење во светот, а еден од нив е иницијатива за Интернационален Ромски Одбусман чие седиште ќе биде во Стразбур и Женева.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 208 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот