Зоран Димов и Анатолиј Бутаков во седиштето на ОН во Женева: „ИРУ и ОН ја зацврстуваат меѓусебната соработка„
Како дел од зацртаните планови и активности двајцата високи преставници на ИРУ, претседателот Зоран Димов и потпреседателот Анатолиј Бутаков, на 15 февруари по претходна покана од страна на Канцеларијата на Ген. директор на ОН во Женева и Шефот на офисот за соработка со НВО секторот Лидија Григорева остварија состанок Палатата на ОН во Женева. За време на средбата, двајцата преставници на ИРУ го потенцираа моментот и соработката помеѓу овие две организаци. Истовремено Зоран Димов на Григорева и ја презентираше и ја даде Стратегијата и планот како и Резолуцијата на ИРУ која беше направена заедно во соработка со Европскиот Рома Травел Форум -ЕРТФ.
Воедно заклучок е дека и ОН , и ИРУ како и ЕРТФ ќе ги воздигнат прашањата на повисоко ниво на соработка кога станува збор за Ромската нација како од Европа така и од целиот свет.
Шефот Григориева изрази големо задоволство во врска со превземените активности и подготовките на Стартешкиот план и резолуција како и квалитетот на содржината на овие многу важни документи, и напомена дека ови стратешки документи ќе бидат директно доставени и до Ген.секретар на ОН Гутиерес.
Истовремено преставниците на ИРУ имаа средби и разговори со останати високи преставници во ОН Женева како што се шефот на секцијата за соработка со НВО секторот од страна на УНХЦР, Моника Брулхарт.
Со овој акт се покажува подготвеноста на уште поцврста соработка помеѓу ИРУ и ОН во иднина и заеднички превземени акции.