Како дел од активностите на ИРУ за престојниот 12-ти ИРУ Конгрес кој ќе се одржи во периодот на месец Април 2024 , во офисот на ИРУ во Скопје се одржа кординативна средба помеѓу Претседателот на ИРУ Зоран Димов со делегатот од Јапонија Суми Јусуке и ген.секретар Рамуш Муарем. На средбата се договараа насоки и воедно непоходни активности во подготовка на организирање на Конгресот на ИРУ на кои ќе има избор на ново раководство но и нова структура во редовите на ИРУ. Ова се само првите чекори кои се превземаат за што потранспарентен и демократски процес во ИРУ, како и планови за идно делување и зајакнување на членството на ИРУ. Перидот кои следува ќе биде насочен кон организирање на повик на млади , нови и попрогресивни ИРУ членови од сите краеви на светот, ревизија на работата на на сите досегашни неактивни ИРУ делегати и членови.
Според оваа координативна средба произлегува дека е потребно уште поголемо залагање на постоечкото членство и надополнување со нва свежа крв и нови дополнителни насоки на делување.