Во организација на шпанското претседателство со Советот на Европската унија и Европската комисија на 29 и 30 Ноември во Мадрид, Шпанија се одржа 16-та Европска платформа за вклучување на Ромите.
Целта на самиот состанок беше како да се подобри користењето на ЕУ и националното финансирање за да се овозможи ефективен и еднаков пристап до домување з и борба против антициганизмот.
На оваа 16-та Европска платформа за вклучување на Ромите од страна на организаторот беа повикани и преставниците на ИРУ, на кои присуствуваа Претседателот на ИРУ Зоран Димов, и потпреседателот на ИРУ Стефано Кузицов
Делегација на ИРУ за време на состанокот се сретнаа со високи преставници од Советот на Европа и Европската Комисија и пратеници од ЕП. Тие се сретнаа со Хелена Дали европскиот комесар за еднаквост, со Комесарот за еднаквост и добрососедство за Западен Балкан и пријател на Ромите Марта Гарсија Фидалго, со европратеникот Ливија Јарока и други. Тие имаа можност да ги споделат локалните предизвици на ромската заедница во однос на домувањето и антициганизмот.