Поповод 24 октомври – Денот на ОН, Интернационалната Ромска Унија – ИРУ и нејзиниот претседател Зоран Димов во името на целото членство на ИРУ упатува честитики до најголемата светска организација ОН, која е синоним на мир и стабилност во целиот свет.
Во честитката на ИРУ до ОН се вели: „ Човештвото влегло во ерата на одржливоста – со глобална посветеност да го исполни големото ветување на Агендата за одржлив развој 2030 година. Сите предизвици кои се од глобален карактер, се само мотив повеќе сите заеднички да работиме и да се елиминираат сите глобални предизвици и проблеми„
Ви посакуваме многу успеси во понатамошните активности и превземени планови и акции, затоа што оваа наша планета е место за живеење на сите нации подеднакво„
Инаку ИРУ е активен член со свој ECOSOC статус во ОН.
Инаку хронолошки Обединетите нации официјално настанале на 24 октомври 1945 година. Во 1947 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласил 24 октомври, годишнината од Повелбата на Обединетите нации, како денот „што ќе биде посветен на објавувањето на целите и достигнувањата на Обединетите нации на луѓето во светот и добивање на нивната поддршка“ за нивната работа.
Во 1971 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвоило дополнителна резолуција (Резолуција на Обединетите нации 2782) со која се прогласува Денот на Обединетите нации да биде меѓународно одбележување или меѓународен празник што препорачува дека треба да се одбележува како државен празник од страна на земјите членки на Обединетите нации.