Како акредитирано и ополномоштено лице кој има свој ECOSOC статус во ОН, по покана од Генерално собрание, Претседателот на ИРУ Зоран Димов зема учество во расправата на 78-та сесија на Генералното собрание на ОН. Темата за 78-та сесија беше „Обнова на довербата и повторно разгорување на глобалната солидарност: Забрзување на акцијата за Агендата 2030 и нејзините цели за одржлив развој кон мир, просперитет, напредок и одржливост за сите“.
Најанапред Генералниот секретар на ОН се обрати на оваа сесија на Генералната дебата и го претстави својот извештај за работата на Организацијата, кој е достапен онлајн на шест официјални јазици и во два формати на пристапност.
Извештајот ја претставува работата на Секретаријатот на Обединетите нации за поддршка на земјите-членки во Агендата 2030, унапредување на климатските активности, промовирање на родовата еднаквост, заштита на човековите права, унапредување на мирот и безбедноста, координирање на хуманитарната помош, промовирање на правдата и меѓународното право, унапредување на разоружувањето, зголемување на контролата на дрогата, спречување на криминалот, борба против меѓународниот тероризам и консолидирање на реформите на Обединетите нации.
Во таа насока претседателот на ИРУ Димов преку својот извештај ги презентираше заложбите и напорите на ИРУ во дел од темите ки беа застапени на оваа 78-та сесија на Генералното собрание на ОН.