Почитувани ИРУ членови, делгати, и ИРУ Пријатели
Би сакал во името на ИРУ и во мое име како нејзин претседател да ве потсетам дека наближува еден од најтемното минато на Ромската нација а тоа е 2-ри Август Холокаустот врз Ромите и Синтите.
Со одбележување на овој ден треба да се потсетиме на еден од најголемите порази на човештвото во историјата и затоа холокаустот врз Ромит и Синтите не смее да остане заборавен како што го нарекуваат - „заборавениот Холокауст“.
„Со овој настан, одбележуваме еден од најтрагичните настани и процеси во историјата на човештвото – Холокаустот што за време на Втората светска војна бил извршен врз Ромите и Синтите, како дел од најмрачната замисла за така нареченото „конечно решение“ на нацистичката и фашистичка закана врз слободниот свет во тој период. Ова е ден кога се сеќаваме дека меѓу 1933 и 1945 година, нацистите и нивните соработници убиле стотици илјади Роми и Синти – мажи, жени и деца – во деловите од Европа кои биле под фашистичка окупација",.
Затоа на овој ден им апелираме на сите наши членови и делегати, а истовремено и на сите институциии од локален, регионален, национален и интернационален карактер, да се одбележи овој и на тој начин да им се даде почит кон сите настрадани за време на тој Холокауст и порака да не се повтори никогаш повеќе.
Потсетуваме дека на 8 април 2015 година, Европскиот парламент усвои резолуција со која 2 август е прогласен за Европски ден на сеќавањето за холокаустот врз Ромите, со цел чествување на жртвите од геноцидот врз Ромите од Втората светска војна.
Соодветното признавање на третманот на Ромите во минатото е од суштинско значење не само за да се обезбеди правда и достоинство на оние кои настрадале, туку и за соочување со анти-ромскиот говор и однесување, и негово трајно отстранување.
Со почит
Зоран Димов
Претседател на ИРУ