Неџип Сулејмановски (30) е роден скопјанец и актуелен шампион на Македонија во тешка категорија и апсолутан категорија во Боди билдинг за 2020 година,
Тој за овој спорт почнал покажува интерес од своја 22 годишна возраст. Тој сега се занимава како фитнес тренер и масажер, За овој спорт се заинтересира и првите вежби ги правеше во домашни услови. По две години забележителен напредок, и набивање на чиста мускулна маса од 20 кг, беше решителен да влезе и да се опроба во професионални води и да се натпреварува.
Своето професионално ангажирање го започна од 2014 година , со строг режим на тренинзи, исхрана на многу повисоко ниво. Сето тоа резултираше во 2018 година кога за прв пат учествуваше на едно натпреварување во Битола, во категоријата до 80 кг и успеа да го освои 4-то место како член на тимот Магнус. Тоа му преставуваше мотив за уште понапорна и макотрпна ангажираност преку тренизите , Тоа резултураше уште со поголем успех. На 23 август оваа година во Градскиот парк се одржа натпреварувањето во бодибилдинг. Сулејмановски учествуваше и на ова второ големо напреварување исто така за тимот на Магнус каде ја однесе победата во својата категорија и го освои уверливо првото место. Дополнително Сулејмановски се закити и со победата и во тешка категорија и титулата Апсолутен шампион.
Како што вели за порталот Рома Тајмс самиот Сулејмановски е презадоволен од постигнатите резултати заедно со неговиот тренер Драган Пауновиќ. Негова следна цел му е веќе на 12 Октомври оваа година на познатиот Diamond Cup кој е од меѓународен карактер и очекува највисок пласманм, каде и се фокусираше во последните години.
Сулејмановски веќе полека ги собира симпатиите на пошироката јавност, и љубителите на овој спорт, и можеме да заклучиме дека тој веќе станува вистинска Ромска и македонска гордост, како и мотив за помладите генерации да почнат да се занимаваат со овој навистина тежок спорт.
Мора да се напомене дека потребно е и јавноста, медиумите како и самата држава да покаже поголем интерес за овој талент каде навистина има капацитети, нашата држава да ја преставува на највисоко ниво и во светски рамки. Неџип со тебе сме!