Кога во 1890 година заиграл за Шефилд Јунајтед Рабин (Раб) Хаувел беше вистинска сензација. Во периодот кога се очекуваше дека на Ромите им припаѓаат најмизерните работни места за јавноста беше изненадување дека еден „чистокрвен Ром„ заигра во еден ваков голем клуб.
Раб Хаувел беше успешен , талентиран и упорен фудбалер, кој по Шефилд набргу заигра за Ливерпул и за англиската репрезентација со што денес го класифицира во единствен Ром кој заиграл за англиската репрезентација.
Хаувел е роден во 1867. Во ромскиот караван во Вајнобанк . дистрикт на Шефилд . Пред да постане познат играјќи за Шефилд Јунајтед и Ливерпул , Хаувел играше за Ecclesfield и Rotherham Swifts.
Беше навистина одличен фидбалер и покрај висината од 165 cm. Дебитираше како напаѓач , но веднаш потоа беше прекомандуван во одбраната и играше на таа позиција до крајот на својата кариера.
Во книгата „ 100 најголемите на Sheffield United Football Club”, Денис Кларебоурт вели дека многумина од играчите имаа страв од Раб , опишан како „тврд нокот„
Последен клуб за кого зџаиграл по Ливерпул беше Preston North End. Тој во Ливерпул одиграл 68 меча, а во Престон не се задржа долго кога поради скршеница на ноигата во 1903 година ја прекина својата фудбалска кариера.
Продолжил да живее во Престон, и работел како ноќен чувар. Беше во лоша здравствена состојба , подоцна и слеп починал во 1937 година на своја 69 годишна возраст.