По уредување на имотно-правните односи од страна на Општина Шуто Оризари и во соработка со Министерството за внатрешни работи за прв пат се пушти во употреба новото полициско одделение.
По предавање на рапортот на Министерот Оливер Спасовски од страна на Командирот на Полициското Одделение г-ин Ќиро Грнчарски, Градоначалникот Курто Дудуш во придружба на Министерот Спасовски го разгледаа новиот објект и одржаа состанок со
Министерот Спасовски во своето излагање истакна дека обврска на државата е да создаде услови за безбедна средина.
,, Врската меѓу граѓаните и полицијата долго време беше раскината, со што се јави недоверба кон институциите. Повеќе пати сум бил во Шуто Оризари, но сега се чувствува промена во повеќе области, со што се создава слика за модерна и урбана Општина. МВР инвестираше повеќе од 2 милиони денари за овој објект, бидејќи превенцијата е важна за граѓаните.
Сега треба да мотивираме млади луѓе, кои ги исполнуваат условите да се грижат за безбедноста во својата заедница. Честитки за одлуката за формирање на Совет за превенција, и благодарност за поддршката и иницијативата до советниците, невладините организации и граѓаните ”. – истакна министерот Спасовски.