Во своето соопштение до јавноста СДСМ напоменува:
Започнатиот процес на промени во интерес на граѓаните, во интерес на иднината, продолжува.
Како што најавивме, промените започнуваат одовде, од СДСМ, партијата предводник на Владата и парламентарното мнозинство, партијата предводник на напредокот на државата.
Претседателот Зоран Заев, согласно неговите овластувања, назначи 30 претседатели на Општински организации на СДСМ.
Половина од назначените, 15 досега, се ново именувани.
Инаку според таа листа како нов назначен Општински претседател на СДСМ за општината Шуто Оризари е назначен, познатиот бизнисмен од оваа општина Асан Ферат.
Инаку промени на функцијата општински претседатели има и во следните општини:
Струга,Штип, Ѓорче Петров,Карпош, Крива Паланка, Росоман , Свети Николе, Кочани , Лозово , Виница , Пехчево, Брвеница , Кратово , Ново Село , Чашка , Берово, Делчево, Крушево , Ресен ,Теарце, Куманово , Ранковце, Центар , Чучер Сандево , Богданци , Конче, Радовиш, Дебар и Охрид