„Кој од вас ќе види некое зло, нека го спречи: прво со рацете, потоа со јазикот, а доколку не може да го спречи со рацете и јазикот, тогаш нека го осуди со срцето“, рекол пророкот Мухамед а.с., пред многу години!
Во изминатиот период руска пропаганда силно ја злоупотребуваше религијата за оправдување на војната во Украина, меѓутоа горенаведениот цитат е потврда дека религијата не повикува на зло, туку напротив повикува на соживот, мир, толеранција…
Денес, сме сведоци на зло, крвопролевање, силување, терор, неправда, разурнати домови, храмови, болници, училишта, градинки…, но и покрај тоа, за жал и во нашата држава има путинољупци кои го подржуваат, одобруваат или релативизираат тоа злосторство против човештвото.
Путинистите цело време ја релативизираат руската агресија со тоа што беа „загрижени“ „зошто не се зборува за Сирија, Палестина, Авганистан…“, истите тие кои беа против доаѓањето на авганистанските бегалци, и кои собираа потписи за некакви измислени бегалски кампови!
Пред сè нашата човечка обврска е да го спречиме злото на Путин без разлика на етничката, верската, професионалната или друга припадност.
Ние од оваа дистанца се спротивставуваме на путиновото зло со нашето најсилно оружје, а тоа е пишаниот збор, говорењето на вистината, разобличување на дезинформациите.
И покрај силната руската пропаганда, сепак сведоци сме на хероизмот на народот на Украина кои буквално со голи раце се спротивставуваат на тоа зло, жртвувајќи ги своите животи, само за да си ја зачуваат татковината, домот, достоинството и честта.
За разлика од украинските херои, животот на рубљолупците кои гинат во Украина вреди колку една бунда. Црните руски вдовици мораа дури и да се смејат пред камерите на руската пропагандна машинерија и да потврдат дека се задоволни од помоштта што им ја дава Путин. Колку е мизерно и поразително тоа животот да ти вреди колку едно парче облека!
Хероизмот на украинскиот народ потврдува дека слободата нема цена!
Link: https://civilmedia.mk/muratov-zhivot-vreden-kolku-edna-bunda/