Уметникот Дурмиш Ќазим | Durmish Kjazim, чии дела беа дел од меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“ подари дело на Музејот на современата уметност – Скопје
Портрет на Ром | Portrait of a Roma Man | 2016
Пастел на хартија | Soft pastel on paper |110x75 cm
Уметничката практика на Дурмиш Ќазим е засегната со прашањата за идентитетот пренесени преку интимни надреалистички цртежи и слики кои ги портретираат Ромите низ секојдневните лични борби.
Дурмиш Ќазим (1983, Македонија) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Oд 2011 година живее во Белгија, Брисел. Инспириран од ромската заедница и традиција, преку сликовниот реализам проткаен со симболика ги третира стереотипите, предрасудите и дискриминација на ромската култура.