На 7 Април 1990 година, на IV. Светски ромски конгрес, се донесе одлуката за „Ромската алфабета“, која беше предложена од страна на Комисијата за стандардизација на ромскиот јазик. На таа одлука се потпишаа 17 ромски лингвисти и научници, меѓу кои и Шаип Јусуф, Марсел Куртијаде, Рајко Ѓуриќ, Иан Ханкок како и претставник од УНЕСКО – Виктор Коптиков.
Во 1992 година под покровителство на Министерството за образование, се одржа генерална конференција за состојбата на ромскиот јазик и неговата примена во образованието. Тогаш се донесоа и основните принципи на кодификацијата на ромскиот јазик.
Во 1998 година, се издава првиот ромско – македонски и македонско – ромски речник до авторите Трајко Петровски и Боне Величковски.
Во 2015 година, УНЕСКО, го прогласил 5 ноември за Меѓународен ден на ромскиот јазик.
На 7 ноември 2019 година е промовирана Граматиката на современиот ромски јазик од авторите Љатиф Демир, Фатиме Демир и Невсија Дурмиш.