Истражувачот на Институтот за следење на геометријата на небесните тела поврзани со сеизмичка активност, Френк Хугербетс, пред три дена го предвиде местото и јачината на разорниот земјотрес што се случи на 6 февруари на границата меѓу Сирија и Турција.
- Порано или подоцна ќе има земјотрес со магнитуда М 7,5 во овој регион (југоцентрална Турција, Јордан, Сирија, Либан) - напиша Хугербетс на Твитер на 3 февруари.
-Срцето ми е со сите погодени од големиот земјотрес во централна Турција. Како што кажав порано или подоцна тоа ќе се случи во овој регион, слично на 115 и 526. На овие земјотреси секогаш им претходи критична планетарна геометрија, како што имавме на 4-5 февруари - објасни Хугербетс како го предвидел катастрофалниот земјотрес.
Иако многу веројатно се работи за чиста случајност и шпекулации, значајно е што предвидувањата на Хугербитс, за жал, се остварија речиси целосно, откако катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Турција во понеделникот во 04:17 часот.