На одбележувањето на 151 годишнината од смртта на Гоце Делчев, не се пропушти, а да не се навреди Ромскиот заедница во Македонија. На видеото што се појави низ медиумите, јасно се гледа како бугарски граѓани и новинари на граничниот премин Деве Баир, со висок тон и недолични зборови се обраќаат кон припадниците на македонската полиција со зборовите: „Сакам да отидам на гробот на Гоце Делчев , а вие тука Цигани ми правите проблем да влезам„ беа зборовите на пратеникот од партијата Преродба, Ангел Георгиев
Овој недоличен начин со простачко и расистичко однесување од страна на пратеникот и дел од бугарските граѓани, е за секоја осуда, и не ги покажува воопшто цивилизациските вредности на една држава која е дел од ЕУ.
Очигледно Ромите се споменувани само во лоша конотација, а во последно време тоа е се почесто. Со оглед на тоа дека во Македонија се иницира влез на Бугарите во уставот на Македонија, потребно е сега да се бара и јавна осуда на овој настан и ова однесување.
Но со оглед на настанот кој се случи на 4 февруари оваа година на граничниот премин Деве Баир, и освен информациите дека полицијата ја покажа својата присебност и професионалност, ниту една македонска институција па дури и медиуми не побараа јавна осуда и реакција за терминологијата која беше употребена од страна на бугарскиот пратеник.
Изгледа тоа е вообичаена практика и „минорен детал„ во тој цивилизиран демократски свет кога се во прашање Ромите.
Сеуште вирее феноменот навредувување на Ромите со ширење на национално – фашистичка омраза, за жал во XXI век.