Обединетите нации пред 3 недели процениле дека бројот на потврдени цивилни жртви во Украина е приближно 18.000, јавуваат агенциите.
Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХХР) процени дека вистинскиот број на украински жртви е „значително поголем“, но дека е тешко да се добијат веродостојни податоци од областите на фронтот. Од 24 февруари, кога Москва ја започна инвазијата на Украина, до 26 декември, беа регистрирани 17.831 цивилна жртва, од кои 6.884 загинаа, а 10.947 беа ранети. Меѓу убиените има 429 деца, објави агенцијата на ОН.