Филмот кој го носи името на еден од најголемите хитови на Рамадановски ќе го прикаже детството на пејачот
Сценаристот Стефан Бошковиќ најави дека наскоро ќе почне да снима филм за починатиот фолк пејач Џеј Рамадановски.
Имено, сценариото за филмот „Недела“ го напиша Стефан Бошковиќ, а режисерот Немања Ќераниќ се подготвува за снимањето на првите кадри.
Се уште се размислува кој ќе ја толкува главната улога на оваа продукција, а како натпреварувачи се споменуваат актерите Денис Муриќ и Амар Ќоровиќ.
Филмот кој го носи името на еден од најголемите хитови на Рамадановски, ќе го прикаже детството и растењето на пејачот во дом за запуштени деца, но и ќе го следи неговиот пат до славата и неговиот подоцнежен живот.
Момчето кое ќе го глуми Џеј во периодот на раната младост, како што пренесува „Курир“, ќе биде непознато Ромско момче, кое ќе биде избрано на кастингот, додека во подоцнежните години таа одговорност ќе падне на Денис или Амар.
Како имиња кои би можеле да играат во овој филм се и неколку актерски имиња од Македонија како што се Емра Куртишова, Емин Санела и Бајрам Северџан – Др Кољо
Да потсетиме, Џеј Рамадановски почина на 6 декември 2020 година, а веста за неговата смрт длабоко ја потресе цела Србија и регионот.