Мрежата за системски и трајни решенија за Ромската заедница реагира на начинот и висината на средствата кои се трошат за Ромската заедница а се дел кои се во Буџетот на Републиката Северна Македонија за имплементација за Стратегијата на Ромите 2020 – 2023. Тие предупредуваат дека пред да се донесе и Буџетот за 2023 година треба навистина да се поведе сметка за вистинско планирање и канализирање на тие средства, како и за повеќе средства во реализација на Стратегијата за Ромите. Во еден од тие „скромни„ извештаи од страна на неколку ресорни Министерствата, а по барање по поставените пратенички прашања од страна на пратеничката Љатифа Шиковска беше штити наведено дека во 2020 година за имплементација на Стратегијата за Роми Владата планирала да реализира 79,8 милиони денари преку програмта 11 за подршка на Стратегијата за подоцна со Ребаланс за 2020 тој буџет е намален и из 52.5 милиони денари. Во 2021 беа прво доделени 59,2 и со ребалансот повторно намалени на 53,9, за во 2021 да скокне на 63,2 но со ребаланс повторно намален на 62,6 милиони денари. Сега за 2023 тој е предложен со 59,5, а колку ќе биде е прашање. И државата е свесна дека и предложените средства се недоволни за решавање на проблемите со Ромите во местата каде тие живеат, тие редовно уште повеќе се намалуваат а со тоа индиректно само се наталожуваат проблемите со решавање на најгорливите проблеми со кои се соочува ромската заедница. Пример е и Министерството за Транспорт и врски. Според нивната анализа за 2020 првично биле планирани 40 милиони денари но со ребалансот стигнаа на 20 милиони денари. Слично е и во 2021, 2022 и поучени од претходните искуства и за 2023 предлогот е 20 милиони денари. Мрежата за системски трајни решенија се прашува дали со приближно 300.000 евра за 2023 година е возможно да се решат инфраструктурни недостатоци во росмкиите средини во државата? Ако еден од приоритетите на државата е да им помогне на економски и социјално ранливите Роми со доделување на социјални станови на припадници Роми, изградба на инфраструктура, патишта, водовод и сл, со 300.000 евра што може да се постигне? Да се доделат 2- 3 социјални стана и да се асфалтираат 2 километри улица во некоја ромска населба и толку! На тој начин не се решаваат проблемите, на тој начин само се продлабочува социјалната разлика кај Ромската заедница во Републиката Северна Македонија.
Анализата ќе продолжува наредните денови....