Ирмгард Ф. (97) е осудена за масовно злосторство што се случило од 1943 до 1945 година во концентрациониот логор Штутхоф во близина на Гдањск. Таа била вработена како цивилна службеничка во командата на логорот. За време на нејзината работа, таму биле убиени или во ужасни услови починале над десет илјади луѓе. Бидејќи била тинејџерка за време на делото, Фурнер според законот за малолетници е осудена на условна казна затвор од две години. Со тоа судот го прифати барањето на обвинителството и на мнозинството адвокати на преживеаните од логорот. Одбраната побара ослободителна пресуда. „Обвинетата, која има 98 години, беше осудена од страна на судот за помагање во илјадници случаи на убиства. Кривичниот закон не можеше повеќе од ова“, рече адвокатот Ханс-Јирген Ферстер, кој застапуваше четири преживеани жртви на логорот.