Илјадници Роми маршираа низ Атина и Солун во знак на протест за смртта на тинејџерот

Илјадници демонстранти од ромската заедница во Грција вечерва маршираа низ Атина и Солун, а водачите на заедницата апелираа на смиреност по смртта на тинејџерот Костас Фрагулис, 16-годишното момче Ром кој минатата недела беше застрелан во главата за време на полициска потера поради наводно неплатена сметка за гас.

Околу 2.500 лица демонстрираа во Солун, каде што тинејџерот живееше и умре, а сличен протестен марш беше одржан и во Атина, откако студентските и анархистичките групи повикаа на протести по неговата смрт.

Грчките медиуми објавија дека демонстрантите палеле гуми и блокирале улици за време на протестите во неколку делови на земјата, пренесоа медиумите.

Властите не го наведоа името на тинејџерот, но роднините го идентификуваа како Костас Фрагулис, кој бил оженет и имал мало дете.

-Тука сите плачат. Неправедно е дете да си замине вака, изјави секретарот на ромската заедница, Андонис Тасиос, во која живеел тинејџерот.

Франгулис беше хоспитализиран на интензивна нега по итната операција по пукањето, а погребот е закажан за четврток.

Полицијата во Солун соопшти дека околу 50 луѓе попладнево излегле од универзитетскиот кампус и фрлиле неколку Молотови коктели врз полициската единица за разбивање демонстрации што била стационирана во близина. Нема извештаи за повредени.

Тинејџерот беше застрелан во глава од полицаец на мотор, за време на потера откако младиот човек го наполнил камионот на бензинска пумпа и наводно избегал без да ја плати сметката од 20 евра.

Обвинетиот полицаец за време на првото појавување пред судот минатата недела изјави дека пукал од оружјето за да го запре камионот затоа што се плашел за животите на своите колеги, но дека нишанел во гумите, а не кон возачот.

Полицаецот е суспендиран и од петокот е осомничен за кривично дело убиство во обид со можна умисла и недозволена употреба на оружје.

Со смртта на тинејџерот сега е многу поверојатно обвинението за кривично дело да биде сменето во убиство од небрежност, наведуваат американските медиуми.

Во меѓувреме и Интернационалната Ромска Унија – ИРУ и нејзинипот претседател Зоран Димов испратија писмоо со реакција до Амбасадата на Грција во Скопје, каде после една недела одговорија од Амбасадата дека деновиве ќе испратат и нивно официјално соопштение.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 474 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот