Црна Гора: Живот со попреченост во ромската и египетската заедница: Болка кои другите не ја забележуваат

Осумгодишни браќа близнаци лежат на стар душек во трошна куќа во населбата Врела Рибничка во Подгорица, а околу нив летаат роеви муви. Не зборуваат, не мрдаат, не се смеат. Тие не можат да се жалат на болка. Церебралната парализа, од која боледуваат и двајцата, не била навреме лекувана. Нивните животи сега се сериозно загрозени.

Не добиваат помош од државата, бидејќи се без државјанство - немаат државјанство или лични документи, иако се родени во Црна Гора. Нивниот татко Бидаим дошол од Косово пред 24 години. Мнозинството лица без државјанство во Црна Гора се припадници на ромската и египетската заедница. Тие трпат повеќекратна дискриминација, немаат можност за здравствено и социјално осигурување, право на инвалидски надоместоци, на вработување...

Бидаим не успеал да добие документи во Црна Гора, бидејќи не бил регистриран ниту на Косово и тука дошол без документи. „Кога се родив, татко ми не ме пријави, се предаде на алкохолот и не се грижеше за мене. Тоа ме одбележа мене и моето семејство до крајот на мојот живот, бидејќи бездржавјанството е наследно. Сега не знам како да ги добијам документите и да им помогнам на моите деца“, вели тој за Центарот за истражувачко новинарство на Црна Гора (ЦИН-ЦГ).

Близнакот кој е неколку минути постар, помалку напредува. Јаде само кашеста храна и има големи болки. Тој дури и не комуницира со очите во загушлива просторија. Деноноќно за нив се грижи втората сопруга на Бидаим, Даниела. Биолошката мајка ги напуштила близнаците веднаш по раѓањето.

 

Link: https://www.portal-udar.net/zivot-sa-invaliditetom-u-romskoj-i-egipcanskoj-zajednici-bol-koju-drugi-ne-vide/

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 400 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот