избија во понеделникот во вториот по големина град во Грција - Солун, откако 16-годишен Ром беше застрелан во полициска потера.
Околу 1.500 демонстранти шетаа по улиците на Солун, кршејќи излози и фрлајќи молотови коктели кон полицијата, која употреби солзавец и шок бомби.
Тинејџерот Ром во моментов е во критична состојба, соопштија властите, откако во понеделникот во раните утрински часови беше застрелан во глава од полицаец. Според државната ТВ ЕРТ, момчето го наполнило возилото на бензинска пумпа во близина на пристанишниот град Солун и се оддалечило без да плати. Вработен во бензинска пумпа пријавил дека неплатената сметка е 20 евра.
Полицаецот кој наводно го повлекол чкрапалото е уапсен и суспендиран, соопштија властите во Солун. Тој во вторник треба да се појави пред обвинител под обвинение за обид за убиство од небрежност.
Властите изјавија дека тинејџерот се обидел да се судри со полицајците кои го гонеле со мотори за да не биде уапсен.
Дотичниот службеник потоа испукал два истрела за да се обиде да го спречи нападот на моторциклот на кој бил сопатник.
Иако името на жртвата не беше јавно споделено, роднините го идентификуваа како припадник од ромската заедница. Во 2021 година, уште еден млад Ром беше убиен во полициска потера во близина на пристаништето Пиреја.