На светскиот куп во куглање во категоријата У18 – мажи, кое се одржа во Естонија Македонија во финалето имаше свој преставник. Архан Аслановски со исклучителна игра успеа да влезе во најдобрите 8 машки играчи на Светскиот Куп со резултат 578 (205) пласирајќи се на 7 место. Тоа преставува огромен успех, знаејќи дека конкуренцијата беше многу јака така да ова седмо место во светот преставува голем мотив за младиот Рома Архан во иднина да постигнува уште позабележителни резултати.
Инаку на овој куп во женска категорија преставничката она Македонија Алесковска Стефанија изигра само 553 кои не беа доволни за влез во финале и се пласира на 12 место.