Амир Дестанов е дете од улица, со еден оброк во денот кој освои награда на натпревар по математика

Амир Дестанов, дете Ром од улица кое реши да се бори со суровата судбина која сакаше неговото семејство да биде под дното на сиромаштијата, а тој, браќата, сестрата и мајка му да трпат семејно насилство, освои трето место на натпреварот по математика „Кенгур“.

Радоста тој ја подели со Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, кој им е поддршка во моментов на 61 дете што успеале да ги одвратат од питачење, да ги запишат на школо и да им помагаат во доедукацијата и во исполнувањето на домашните задачи.

Исклучително заинтересиран за математиката, Амир надградбата за да оди на „Кенгур“ ја постигнал токму во Центарот, решавајќи задачи со наставникот Филип. Кога чул ќе има натпревар, посакал и тој да учествува, но немал 200 денари да уплати.

„Сакаа други да одат, ама бидејќи јас сум математички најјак, јас поминав. Ми кажа класната, а јас ѝ одговорив:’Добро, ќе зборам со моите дома и ќе ви кажам’. Уплатата за натпреварот ‘Кенгур’ чинеше 200 денари, пари што ги немав“, раскажува Амир.

За желбата дека сака да се натпреварува по математика, во категорија на осмо и деветтоодделенци, тој веднаш ги известил наставничките Ирена Велкоска и Василка Јовановска, која е социјален работник, и Александра Лозановска, воспитувач. Тие од свои пари му уплатиле учество.

На натпреварот Амир не знаел како поминал. Им кажал на воспитувачките, наставничките од Центарот дека не е сигурен што направил, бидеjќи било на стискање копчиња, т.е. се полагало електронски. Се секирал дали направил сè како што треба, дали се снашол или не со кликањето.

„Но кога дојде со дипломата во рака за освоено трето место, па ние па пресреќни бевме!“, раскажува Ирена Велкоска, координатор на Дневниот центар за деца на улица.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 70 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот