Се попознатата инфлуесерка и мејк ап артистка Ромка која живее во Шведска , а по потекло е од Скопје Ана Снежана Абаз која и самата е самохрана мајка, која е активна и заработува од социјалните мрежи „Тик Ток„ и др, сака да им помогне на самохраните мајки и млади Ромки од социјално ранливи семејства.
Таа со својот тим кој го сочинуваат Рахела Асан и Џенгис Сулејман спроведува една акција наречена како „Make up Over”.
Тимот веќе е во контакт и прават листа на учеснички. Проектот е замислен преку салон за разубавување и козметички третмани на тие жени да им направат да се почувствуваат барем еден период како вистински жени.
Тоа подразбира фризерски и козметички третман (фризура, надградба нокти, нега на лице и др). За сите учеснички во тој проект обезбеден е бесплатен третман кој самата Ана Снежана Абаз ќе го финансира а ќе и помагаат од нејзиниот тим.
Како што вели Ана сака и тие жени Ромки кои ја немаат таа можност барем на момент да се почуствуваат како вистински ќени и да внесат мала промена во нивните животи и поголема еманципација на жената Ромка. Заинтересираните Ромки од Скопје може да се пријават на ФБ профилите на Anna Snezana Abaz, Rahela Asan thaj Djengis Sujleman.