Во Република Северна Македонија секој шести граѓанин е партиски член – дали е тоа од интерес или идеологија?

Идеологија на политичко уверување или демагогија за остварување лични интереси? Дали партијата е единствената опција за напредок и успех?

На Балканот „популарноста“ на партиската книшка не излегува од мода. За разлика од земјите во регионот каде во партија се зачленува и до 15 отсто од населението, европскиот просек е 3,5% од вкупното население во земјите.

Пред неполн месец владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија ја започнаа постапката за ажурирање и активна регистрација на членството. На терен тоа значи дека 1 563 тима од 74 општински организации ги посетуваат домовите на партиските членови.

Очекувањата на раководството на СДСМ се дека по ажурирањето ќе имаат околу 60 000 члена. Тоа значи дека близу 3% од населението е член на владејачката партија. Но, релативно високиот број членови на СДСМ не е изолиран феномен.

Според податоците што ги добивме од Централиот регистар, во Северна Македонија постојат 65 политички партии. Издвоивме 15 кои на минатите локални и парламентарни избори оствариле некаков резултат и ги прашавме – колку членови имаат.

Според висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, тие имаат околу 100 000 члена. ДУИ, пак, брифира дека имаат 75 000 члена. Демократски сојуз вели дека имаат издадено 34 000 партиски книшки, а Алијанса за Албанците 20 000. Ако се соберат бројките од 12 партии што ни одговорија, само тие имаат 351 500 членови.

Доколу се користи проценката на „книгата на факти на ЦИА“, дека Северна Македонија брои население од 2,13 милиони, тоа значи дека 16,5% од населението, или секој шести, е член на политичка партија. 

Реалноста е уште пострашна кога ќе се направи споредба колку граѓани на развиените земји имаат партиска книшка.

Така, ако во СДСМ членува околу 3% од популацијата во земјава, а во ВМРО-ДПМНЕ околу 4,7%, во Велика Британија, на пример, владејачката Конзервативна партија на Борис Џонсон има 191 000 членови во земја од 66 милиони жители, или со партиска книшка на власта се само 0,29% од луѓето.

Во Германија, владејачката ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел има 407 илјади членови што е 0,5% од германското население. Партијата на францускиот претседател, Емануел Макрон, има близу 420 000 членови или околу 0,63% од популацијата. Сепак, како се оди на југ, работите се менуваат. Владејачкиот ХДЗ во Хрватска има 220 000 членови во држава од четири милиони жители, што е 5,5% од населението. Апсолутен лидер во регионот е СНС на српскиот претседател Александар Вучиќ. Партијата има 750 000 членови на близу седум милиони жители, што е 10,71% од населението.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 663 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот