Преку социјалните мрежи деновиве повторно се укажа за предметни случки на физичка бруталност по етничка основа каде се укажа дека во Битола бил претепано лицето Ј.В, кој деновиве доби широко медиумско внимание за настан кој се случи на 09.02.2021 год. За јавностa на кое преку live пренос беше укажано за случајот, станува збор за претепано лице Ј.В. од засега непознати лица. Во полицискиот запис на кој е ислушан Ј.В. од полициски службеник во Битола, повредениот го укажа целиот настан како и што се случи. Впрочем целиот настан е поврзан со сомневање дека врз него непознатите лица без причина или докази започнаа физичка пресметка со тоа дека наводно од домот на лицето непознат на возраст ид околу 50 години било украдено возило (комбе) и возилото го управувал Ј.В. Но лицето кој бил претепан укажа на спротивното и дека станува збор за невистина. Рома Пресс по службена должност го контактира портпаролот на МВР кој рече дека полицијајата е запознаена за случајот и итно се превземаат сите активностите да се најдат сторителите и да се расчисти случајот (поднесоците се во тек). На 09.02.2021 во СВР Битола Ј. В (26) од Битола пријавил дека на ден 08.02.2021 на ул”Бул.„1-ви Мај“ во Битола, непосредно пред објектот на Територијалната противпожарна единица во Битола, бил физички нападнат од страна на две лица кои му нанеле повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Полициски службеници преземаат мерки за расчистување на случајот и против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Link: https://romapress.mk/featured/ani-bitola-mardo-rom-j-vejsel/