Ромите во Македонија имаат најмала доверба од страна на другите етнички заедници

Ромската заедница е најмалку прифатена и воедно заедница која што ужива најниска доверба од другите заедници во Република Северна Македонија.

Овој факт е општо познат меѓу националностите што живеат во државата.

Според националностите кои живеат на територија на Р.С.Македонија најприфатливи за соседи, пријатели, брачни партнери, соработници, вработени итн. се припадниците на македонската етничка заедница, а втора најприфатена заедница е турската етничка заедница.

Во сите тие аспекти ромската заедница е на самото дно на оваа листа. Најмалку прифатена, воедно и заедница којашто ужива најниска доверба од другите заедници е ромската заедница.

Тоа подразбира севкупно Ромите се непожелни и како соседи, истовремено како брачни партнери, па и колеги на работа.

Воедно според перцепцијата на останатите заедници сите се со заклучок дека сепак Ромите се перцепирани како најдискриминирана заедница, но сепак уживаат најниска доверба од другите заедници.

Како втора заедница, по ромската, со која најмалку би соработувале и имаат најниска доверба е албанската етничка заедница.

Но за разлика од Ромката според перцепцијата Албанците се најпривилегирана заедница во државата.

Ова преставува една јасна илустрација  за односите помеѓу различните заедници во Република Северна Македонија, и укажува на важноста на креирање на инклузивно образование и потребата од практично спроведување на стратегијата за „Едно општество за сите.„

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 287 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот