Кога победи на локална трка во Словачка пред две години, нејзината фотографија на пиедесталот на победниците ја видео многумина. Во споредба со девојчињата кои беа на второто и третото место со патики за трчање, 13-годишната Анамарие Хорватова стоеше на првото место во балетанки.
„Тоа е талент, и многу трудољубива“, вели тренерот Норберт Пеце на прашањето како најдобро да се опише оваа малда атлетичарка. Таа расте во мизерни услови во ромската населба.
После таа победа, таа добиспортски обувки за трчање од спонзор, а Атлетскиот клуб во Молдава Над Бодву, го забележа нејзиниот талент и ја зема во својот клуб. Таа исто така беше посетена од тогашниот претседател на Словачка, Андреј Киска, кој изрази признание за нејзиното достигнување и и посака голем успех во училиште, спорт и живот.
„На почетокот имавме малку проблем со комуникацијата - Анамарија не зборува словачки јазик, но зборува ромски и унгарски“, се сеќава Пеце, кој е и претседател на Атлетскиот клуб. „Зборуваме унгарски едни со други и зборуваме многу. Таа живее во колиба, нејзините хоризонти се ограничени, па правиме се да и пренесеме некое знаење, што за нас е исто толку вредно како и освојувањето медал. Таа ни носи голема радост во сите погледи. Ние и помагаме материјално, и переме облеката, кога одиме на состаноци и ја спакуваме торбата и плаќаме за ручеците на училиште, така што таа добива урамнотежена исхрана секој ден, одиме заедно на шопинг “, објаснува тренерот.