Хрватска: Најлесно е да девалвираш и да оцрниш Ром! Престави го лажго и крадец и готово!

Живееме на поднебје познат по бизарно воспитни методи. Уште од деца воспитани се дека ако се немирни „ќе дојде и ќе ги земе Циганката„, или „ќе ги собере старо купувам.„

Тоа не научи болната воспитна матрица која е всадена на овие простори. А 21 век сме.

Покрај многубројни такви примери еве еден и неодамнешен. Како што сите знаеме, за да се направи катаклизмичкото чувство посилно, областа на централна Хрватска пред новата година беше погодена од низа силни земјотреси. Земјотресите на подрачјето на Банија предизвикаа огромна материјална штета. Многу луѓе останаа без покрив над главата, другите беа оштетени, стравот и паниката го зафатија подрачјето на градовите Петриња и Сисак. Природната катастрофа што ги снајде луѓето од таа област ги натера луѓето од цела Хрватска да им помогнат. Пред да реагира државниот систем во Петриња и Сисак, имаше волонтери кои им ги донесоа животните потреби на локалното население и им помогнаа во расчистување куќи и имоти. Среде овој хаос, некој сметаше дека е соодветно да се објават информации на социјалните мрежи дека групи Роми дошле во областа и ја искористиле хаотичната ситуација да ограбат незаштитени домови на жителите од таа област. На почетокот на прогласот беше истакнато дека не станува збор за никаков национализам. Ако нема национализам, нејасно е зошто некој би ги означил разбојниците како национална заедница. А таа група на Роми беа само 3-4 семејства кој дојдоа во тој регион, преставувајќи се дека се погодени од земјотресот и земаа неколку пакети со хуманитарна помош. Ништо повеќе. А на ФБ не беа кажани и Ромите кој дојдоа во голем број како волонтери да помогнат во расчистување на урнатините.

Зошто немаше ФБ објави и натписи например дека огромен број на препродавачи на овошје, зеленчук, добиток и други земјоделски култури од повеќе краишта на Хрватска после земјотресот во Петриње и Сисак веднаш „го окупираа тој регион„ со своите камиони и да го искористат хаосот, да ги купат по багателни цени тој добиток и тие земјоделски култури од исплашените и изтрауматизирани граѓани на Петриње и Сисак, за потоа да ги продаваат пет или повеќеструко поскапи по зелените пазари во Загреб и други поголеми градови низ Хрватска. Зар тие „крвопијци„ немаат националност? Нели и тие си играат и ги искористуваат црните човечки судбини. Означувањето на криминални дела со име на заедница ги става сите членови на таа заедница во позиција каде што тие лесно можат да станат цели на одмазднички напади.

Ќе биде убаво кога сите тие „ситни трговци„ со добиток, овошје и зеленчук бидат објавени со име и презиме , а не само националност. Ама пуста балканска навика!

 

Link: http://www.portal-udar.net/posljedice-odgojne-matrice-kako-su-romi-postali-oni-nad-kojima-se-moze-izivljavati/

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 97 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот