Сексуални услуги и преку ден во Скопје: Срам не срам, работиме преку ден за корка леб инаку ќе гладуваме

Десетина сексуални работнички кои својата таканаречена „тезга“ ја држат во реонот околу зградата на Македонската радио и телевизија, ноќната работа ја премостиле, па сега работат само преку ден. Причина за ваква новонастаната состојба, како што тврдат дел од жените е малиот број на клиенти во вечерните часови од кога во земјава се рашири коронавирусот.
Велат дека мал број на клиенти имало и во текот на летниот период, а иста состојба било се до пред десетина дена кога се договориле да „работат“ само преку ден. Некои од нив велат дека и поради коронавирусот побезбедно се чувствуваат кога работат преку ден, а навечер пак, имале проблеми и со полицијата која го „ловела“ нив, но и муштериите.
– Откако се рашири коронавирусот, се намали бројот на муштерии навечер. Почнаа мажите да не доаѓаат како што било поодамна. Се случувало во една вечер да има пет до шест муштерии, па меѓу девојките да има расправија која ќе го услужи. Токму малиот број на клиенти доведе прво некој девојки, а потоа сите да ги намалиме цените на услугите. Пред короната, сексуалната услуга чинеше од 15 до 17 евра. Денеска цената е преполовена. Многу од муштериите немаат кондоми, па мораме ние да купуваме, да имаме за да им дадеме. Кога од заработеното ќе се одземат и купените кондоми, тогаш есапот вели дека работиме за 6-7 евра. Срам не срам, и ние работиме за корка леб и мора да работиме преку ден инаку ќе гладуваме – вели 37-годишната Сузана, сексуална работничка од Скопје.
Нејзината „цимерка“ Ајнур, која тврди дека има 23-години и била родум од Тетово, додека се грее на запалениот оган на тротоарот на кејот на Вардар вели дека многу од девојките меѓу кои и таа, биле исплашени од коронавирусот.
– Навечер каде имаш време да видиш дал некој е болен или е здрав. Гледаш побрзо да ја завршиш работата. Навечер не можевме да видиме дали некој клиент носи маска, дали кашла и да не е случајно болен. Сега, откако работиме преку ден полесно се забележуваат тие работи. И нашите пријатели кои не чуваат преку ден полесно можат да забележат дал некој од минувачите или од клиентите ни прави проблем, па можат да реагираат – вели младата девојка.
Долж тротоарите на улицата „Кеј Димитар Влахов“ почнувајќи од кај зградата на Македонската академија на науките и уметностите се до зградата на Македонската радио и телевизија, работат околу дваесетина сексуални работнички. Поделени се во табори, или како што тврдат по меѓусебно познавање и пријателство.
Помладите девојки кои се занимаваат со најстариот занает на светот го „држат“ реонот токму околу МКЦ, додека тие во средовечни години се распоредени од зградата на МРТ до блиската бензинска пумпа.
Повеќето од сексуалните работнички велат дека откако почнале да работат преку ден, се чувствуваат побезбедно, а и навреме ги забележувале полициските патроли кои често им ги бркале „бизнисите“ со муштериите.
po “biznisi” e klientencar.

Link: https://www.slobodenpecat.mk/seksualni-uslugi-i-preku-den-vo-skopje-sram-ne-sram-rabotime-preku-den-za-korka-leb-inaku-ke-gladuvame/

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 722 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата