Европратеникот фатен во „геј оргии„ е од партијата на премиерот Виктор Орбан - ФИДЕС

Европратеникот Јозеф Сајер призна дека бил на „приватна забава“, а дека неговата „грешка“ била „строго лична“. „Ги замолувам сите со ова да не ја опфаќаат мојата татковина или мојата политичка заедница“, додаде тој. Сајер поднесе оставка од владејачката партија Фидес во Унгарија и од функцијата европратеник.
Јавното обвинителство соопшти дека случаен минувач пријавил во полиција дека видел човек што бега по олукот. „Рацете на човекот беа крвави. Можно е тој да бил повреден при бегството. Во неговиот ранец беа пронајдени наркотици“, се вели во соопштението на јавното обвинителство. „Човекот не достави документи со лични податоци. Тој беше придружуван до неговото место на живеење, каде што со дипломатски пасош се идентификуваше како С.J. (1961)“. Сите присутни на забавата добија казни за прекршување на мерките. Јавното обвинителство во Брисел било информирано за инцидентот и одлучило да ги ослободи учесниците без дополнително обвинение.
Сајер во својата изјава рече дека полицијата му дала „официјално вербално предупредување“ и го вратила дома. Тој рече дека не бил дрогиран и додаде дека му е „жал“ и дека „длабоко се кае“ што ги прекршил прописите за коронавирусот. „Тоа беше неодговорно од моја страна. Подготвен сум за казната што ќе ми ја определат“, рече тој.
Сајер и неколку дипломати беа фатени од полицијата при „оргија“ во бар во центарот на Брисел, а локалните медиуми објавија дека пратеникот се обидел да избега низ прозорецот.  Во Белгија се забранети собири на повеќе од четири лица и е воведен полициски час во обид да се ограничи ширењето на ковид-19.
Кој е Сајер?
Сајер е еден од најблиските соработници на унгарскиот премиер Орбан. Бил член на советот кој го подготвувал нацртот на новиот устав од 2012-та година, со кој се барала заштита на „христијанските вредности“ и дефинирање на бракот како заедница на маж и жена. Кон крајот на 90-тите студирал во Оксфорд како стипендист на организациите на Џорџ Сорос, кого сега заедно со Орбан го обвинуваат за поткопување на традиционалните вредности на унгарското општество.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 165 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата