Претседателот на Ромската партија Срѓан Шајн, на министерката за човекови права и права на малцинствата Гордана Чомиќ побара јавноста во Србија да се зборува и за Ромите како жртви на злосторствата направени од страна на ОВК каде и започна судењето во Хаг. Шајн во пишана форма наведе дека „неспомнувањето на Ромите од страна на дел од јавноста која зборува за жртвите на лосторствата е најгрозна навреда на човечкото достоинство„ „Ние го разбираме ставот на судот и обвинителството кој во одреден момент зборува само за жртвите , но не ги разбирам другите кој за ова говорат селективно„ напомена Шајн. Тој напомена дека „почитувањето кон сите жртви и борба против екстремизмот се основен предуслов за воспоставување на дијалог„, и затоа ја повика министерката да реагира и јавно да ги повика сите за жртвите да се изјаснуваат коректно. „Верувам дека ќе реагирате и дека ќе најдете начин да покажете подготвеност да се борите дека и Ромите , а исто така и други етнички заедници не бидат само „колатерална штета„ за големите интереси„, напомена Шајн. Тој надополни дека „ Во Косово без своја волја ја напуштиле околу 100.000 Роми , и дека голем број од нив се исчезнати или убиени„